„Жито Вардар“ пред стечај

Bez autora
Jul 16 2014

Централниот регистар на Македонија поведе претстечајна постапка против велешкиот комбинат „Жито Вардар“, кој работи со долгови веќе неколку години. Тој лани го преполови производството на свинско месо, а бизнисмените од овој сектор тогаш предупредија дека целата состојба со „Жито Вардар“ ќе се одрази негативно врз вкупното производство на свежо свинско не само кај големите туку и кај малите фарми. Вчера ниту еден од раководителите на фирмата не беше достапен за изјави во јавноста. Велешани велат дека вработените во фирмата повеќе од два месеца не одат на работа и дека најголем дел од објектите што ги поседува доскорешниот велешки гигант се со клуч на врата.

„Жито Вардар“ пред стечајЦентралниот регистар на Македонија поведе претстечајна постапка против велешкиот комбинат „Жито Вардар“, кој работи со долгови веќе неколку години. Тој лани го преполови производството на свинско месо, а бизнисмените од овој сектор тогаш предупредија дека целата состојба со „Жито Вардар“ ќе се одрази негативно врз вкупното производство на свежо свинско не само кај големите туку и кај малите фарми.

Вчера ниту еден од раководителите на фирмата не беше достапен за изјави во јавноста. Велешани велат дека вработените во фирмата повеќе од два месеца не одат на работа и дека најголем дел од објектите што ги поседува доскорешниот велешки гигант се со клуч на врата.

Истата судбина ја делат и многубројните фабрики и подружници што ги има комбинатот во целата држава. Kомпанијата управуваше со фабрика за добиточна храна, пекарница, мелница, ресторан и пица-бар, а поседува и седум подружници, и тоа: „Жито Малеш“ во Берово, „Мак месо“ во Штип, „Винеам“ во Виница, „Црвени Брегови“ во Неготино, „Живинокомерц“ во Штип, „Жи-Ва“ АД Штип и „Зрнотрејд“ ДООЕЛ.

Ланските извештаи од берза говорат дека само за една година фирмата остварила загуба од речиси еден милион евра. Според бројките, компанијата должи околу 10 милиони евра кон доставувачите.

Лошата финансиска состојба во која се наоѓа велешки „Жито Вардар“ се одразува на пазарот на свежо свинско месо и на цената на јајцата во земјава. Во 2012 година во Македонија се одгледувале 150 илјади гоеници свињи, од кои „Жи-Ва“ имала 60 илјади, „Агрија“ од Велес - 35 илјади и „Единство“ од Челопек - 25 илјади, а другите биле осетно помали свињарски фарми. Со тоа велешката месарница обезбедуваше дури 40 отсто од потребите на Македонија. Затоа проблемите со кој таа се судира влијае на снабденоста со свежо свинско месо во земјава.

Групацијата „Жито Вардар“ беше и најголемиот производител на јајца во Македонија, со 25 отсто учество во вкупното производство. Најголемиот репроцентар во Македонија се наоѓаше во Kрива Паланка на локациите во селата Гиновци и Псача. Во 2011 година „Жи-Ва“ произведувала 200 илјади јајца, а следната година го преполовила производството. Згора на тоа „Жи-Ва“ со 80 отсто го покриваше и пазарот на јајца во соседно Kосово, во Албанија со 25 отсто, а ги пласира и на пазарите во Србија.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik